За нас

Некој сборови за нас

Развојот на нашата компанија започна од 1996 година во село Боговиње – Тетово. Во истата година, идеаторот Насир Имери, почна да работи со вентилација, со многу мал капацитет но со искуство донесено од Швајцарија. 12 годишното стекато работно искуство во Швајцарија беше најголемото потикнување која доведе до зголемување на успехот на компанијата Цесовент, и ја направи да донесе швајцарски професионализам. Со текот на годините, се повеќе се зголемуваше искуството и професионалноста во работата, и во 2011 година ја регистриравме нашата компанија како валидна компанија со името Цесовент. Во првите години од нашата работа, ние работевме со мал капацитет на вработени, вклучувајќи 4 вработени, и со постигнувањето на успеси во работата го зголемивме бројот на вработени како и капацитетот на работа, кој денес има достигнато 11 вработени. Со директорот Бехар Имери, Цесовент го продолжува својот пат со успешно управување и со поволни резултати. Професионалниот тим и квалитетните материјали кои ние ги користиме за нашата работа се клучни елементи кои не разликуваат од останатите конкуренти на нашиот пазар. Секогаш внимателни во нашата работа и со носење на одговорност за секој производ што излегува од нашата компанија, ние им гарантираме на нашите клиенти дека сме сериозни и кооперативни со сите.


Визија

Цесовент работи кон постигнување на целта. Ние сме јасни и работиме за тоа што сакаме. Ние го даваме максимумот во нашата работа за да бидеме лидер во ланецот на компании кои работат во делот од профилот во кој работиме.

Нашата задача

Задачата за вентилација во објекти е постојаната замена на нечистиот воздух внатре амбиентот со чист воздух од животната средина, со цел да се чуваат оптималните хигиенски услови, кои се неопходни за здрав и пријатен живот, додека нашата задача како Цесовент е да им ја понудиме ова можност на сите кои сакаат да соработуваат со нас.

За вас

Откако започна да функционира нашата компанија Цесовент, ние се фокусиравме во тоа што треба да им понудиме на нашите клиенти и што реално може да им понудиме. Свесни за важноста на вентилацијата во секој објект, ние ги избравме најдобрите материјали и најпрофесионалниот тим за да бидеме секогаш за вас и во ваша услуга. Доволно е да не изберете нас и ние ќе бидеме таму за да им дадеме свежина на секој објект.

Борд на Директори

Насер Имери

Основач

Бехар Имери

Директор

Фатон Есати

Менаџер